Фирмата Електрометал го прослави своето шест децениско постоење. Ова е на полето на трговското делување на овие простори синоним за континуирано трговско делување и со поставеноста на компанијата не е само тенденција да се задржи високиот рејтинг, туку и да го надополни своето работење.
Се започна во минатиот век, во далечната 1949 година. Имено на 16 април во сеуште бурните години на повоеното време со решение на Владата на Народна Република Македонија оформено е претпријатието Ангрометал. Ова претпријатие е регистрирано како трговска фирма за метални, хемиски и градежни материјали.
Во 1954 година Окружниот стопански суд во Скопје донел решение со кое се регистрира дека компанијата ја проширила својата дејност и со продажба на текстил.
Поради фактот што од 1962 година ова претпријатие се дефинирало како фирма која ќе се занимава само со текстил се менува неговото име и станува Ангротекстил.
Кратко време по ова претпријатието повторно ја менува својата дејност и повторно го менува своето име во Трговско претпријатие за промет со универзални стоки на големо и мало – Интерпромет.
Во склад со Законот за здружен труд во 1979 Работната организација за промет на стоки и услуги на големо и мало Интерпромет останува да делува и натаму и се формира ООЗТ за промет на метални и електрични стоки на големо Електрометал.
Во 1989 Интерпромет се интегрира со Електрометал.
Една година потоа Електрометал се преструктуира во АД во мешовита сопственост за да наскоро по ова стане и комплетно акционерско друштво.
Во 1995 Електрометал Акционерското друштво за промет на стоки и услуги на големо и мало извршило трансформација согласно Комисијата на Владата на Република Македонија за трансформација на претпријатијата со општествен капитал .
Во 2007 од Акционерско Електрометал преминува во Друштво со ограничена одговорност.