Политика на приватност на Фила Група

Оваа Политика за приватност на нашата групација има за цел да ви објасни како ги користиме личните информации што ги собираме за вас на оваа веб-страна.

Оваа Политика за приватност се однесува само на личните информации што ни ги дадовте или кои се собрани преку вашата употреба на оваа веб страна: https://filagrupa.com.mk/.

Доколку ги давате вашите лични податоци или ве интересира начинот на обработка на лични податоци од страна на некоја од нашите членки на групацијата ФИЛА или користите веб-страни на членките на групацијата ФИЛА, тие имаат свои политики или за приватност кои детално го објаснуваат начинот на обработка на личните податоци согласно барањата на Законот за заштита на личните податоци. Ве молиме да ги разгледате индивидуалните политики на посебните веб страни на членките на групацијата.

https://elektrometal.mk/
https://kia.mk/

http://elektroelement.com.mk/

https://premiumags.volvocars.mk/

1. Кој е Контролор на лични податоци обработени на веб страната https://filagrupa.com.mk/?

Друштво за производство трговија и услуги ФИЛА ГРУПА ДОО Скопје со седиште: Ул. Перо Наков Бр. 25 Скопје – Гази Баба, со електронска пошта info@filagrupa.com.mk.

2. Што се лични информации?

Согласно Законот за заштита на личните податоци – личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице (како што сте вие). Информациите што не ве идентификуваат сами, но што ги поврзуваме со вас како субјект на лични податоци, исто така се квалификуваат како лични информации.

3. Кои лични информации ги собира веб страната на Фила Груапцијата за вас?

A. Лични информации што ги давате директно за себе

Некои од веб страните на членките на Фила Групацијата овозможуваат/бараат од вас да ни ги дадете вашите лични податоци.

Б. Информации за вашето користење на веб-страниците

Може да собираме информации за вашата употреба на веб-страниците. На пример, собираме: времетраење на посетата, видот на уредот што се користи, видот на прелистувачот што се користи (browser), видот на опреативниот систем (OS), веб страниците кои се прегледани, IP адресата, јазикот на кој прелистувате, термини кои сте ги користеле за пребарување на производи, географска локација. Овие податоци се користат единствено за цел на обезбедување на непречено функционирање на веб страната и за истото Фила Групација има легитимен интерес за обработка.

4. На која правна основа ги обработуваме Личните информации?

Согласно членот 10 од Законот за заштита на личните податоци обработката на личните податоци е законита, само ако и до оној степен доколку постои правна основа. Затоа, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци само кога ќе дадете ваша изречна согласност.

За повеќе податоци поврзани со обработката на „колачиња“, Ве молиме посетете ја нашата Политика на колачиња

5. Зошто ги користиме вашите лични податоци?

Можеме да ги користиме Личните информации што ги собираме за подобро функционирање на нашата веб страна и за овозможување на услугите кои би ви биле од корист

6. Кому и каде ги откриваме вашите лични податоци?

Ние нема да ги откриеме вашите лични податоци на трети страни за било какви цели. Личните податоци може да се пренесат само во согласност со Законот за зашитита на личните податоци или други релевантни законски регулативи во законски предвидена постапка со превземени мерки за заштита на личните податоци. 

Меѓународен трансфер на лични информации

Личните информации што ги собираме од вас на оваа веб страна се чуваат и обработуваат само во Фила Групација и не се пренесуваат надвор од државата. Во случај на меѓународен пренос на личните податоци задолжително се превземаат мерките предвидени во глава V од Законот за заштита на личните податоци, а вие како субјект на лични податоци ќе бидете соодветно известени за истото. 

7. Што правиме за да ги зачуваме вашите лични податоци безбедни?

Фила Групација воведе и имплементира соодветни физички, технички и организациски мерки за да ги зачува личните информации што ги обработуваме на нашите веб-страници и во нашите организации. Мерките кои се превземени се согласно Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци како рамка која ги регулира техничките мерки за заштита на податоците во нашата држава.

8. Кои се вашите права и како можете да ги остварите?

 Кои се вашите права?

Субјектите на лични податоци имаат одреден сет на права утврдени со Законот за заштита на лични податоци кои се подолу објаснети.

–    Право на информираност (член 16, 17 и 18 од Законот)

Фила Групација ги информира субјектите на лични податоци за процесот на обработката на податоците, целите на обработката, категориите на лични податоци што се обработуваат, корисниците/категориите на корисници доколку ги има, намерата за преку – граничен пренос (доколку се пренесени, информации за соодветните заштитни мерки со можност за добивање на копија или информација каде се достапни), временскиот период на чување на личните податоци/критериумите што се користат за одредување на тој период, легитимните интереси на Фила Групација ако обработката се врши согласно овој основ за обработка на личните податоци, постоењето на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето, како и информација за правата на субјектите на лични податоци.

Напоменуваме дека Фила Групација не е должна да ги достави овие информации во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци (член 18 став 5).

  • Право на пристап (член 19 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да добијат потврда од Фила Групација или некоја од членките на Фила Групација дали се обработуваат нивните лични податоци и доколку се обработуваат имаат право да добијат информации согласно правото на информирање.

  • Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право на исправка на нивните неточни лични податоци.

  • Право на бришење на податоците (член 21 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од Фила Групација или некоја од членките на Фила да ги избрише нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните  податоци. Во суштина, по барање на субјектот на личните податоци, Фила Групација или некоја од членките на Фила Групација ќе ги избрише истите само доколку личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани или пак, каде што е релевантно, субјектот на лични податоци ја повлекол својата согласност, а личните податоци биле обработувани врз основа на дадената  согласност (во случај на директен маркетинг).

  • Право на ограничување на обработката (член 22 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да побараат од Фила Групација или некоја од членките на Фила Групација да ја ограничи обработката на нивните лични податоци, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на личните податоци вклучително и под услов обработката да не е повеќе неопходна за усогласување со законска обврска која бара обработка според закон што се применува во однос на Фила Групација.

  • Право на приговор (член 25 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да поднесат приговор до Фила Групација или некоја од членките на Фила Групација во секое време, врз основа на конкретна ситуација поврзана со нив, кога обработката на нивните лични податоци се заснова врз основа на легитимниот интерес на Фила Групација или трето лице или јавниот интерес вклучувајќи и профилирање засновано на овие основи. Доколку личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг, субјектите имаат право во секое време да поднесат приговор на обработката на личните податоци и да побараат Фила Групација или некоја од членките на Фила Групација да ја запре натамошната обработка на личните податоци за тие цели.

  • Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да не бидат предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка на нивните лични податоци, вклучувајќи го и профилирањето што предизвикува правни последици или на сличен начин значително влијае на клиентот, освен во случаите предвидени со Законот за заштита на личните податоци.

  • Право на преносливост (член 24 од Законот)

Субјектите на лични податоци имаат право да ги добијат нивните лични податоци, а кои ги имаат дадено на Фила Групација во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат при што имаат право да ги пренесат на друг контролор, без попречување од страна на Фила Групација, доколку се исполнети условите согласно Законот за заштита на лични податоци.

2. Остварување на вашите права

Доколку сакате да остварите некое од горенаведените права, ве молиме контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на следната меил адреса: gdpr@gconsult.mk.

3. Жалби

Ако не сте задоволни со начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци, можете да не контактирате на било кој начин. Дополнително, доколку не сте задоволни со одговорот на офицерот, Законот за заштита на личните податоци овозможува да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како државна институција надлежна за супервизија на исполнувањето на овој закон.

Политика за приватност на Фила Група

Во оваа Политика, ние како Друштво за производство, трговија и услуги ФИЛА ГРУПА Скопје (во понатамоштен тескт Фила Група), контролор на лични податоци, детално ќе ги опишеме Вашите права на доверливост и приватност на личните податоци. Овој документ обезбедува детали за начинот на собирање, обработка, чување и евентуален пренос на податоците што ги собираме и чуваме за Вас, и зошто можеби ќе треба одреден дел од вашите лични податоци да ги споделиме со други организации.

Информации за обработка и заштита на личните податоци

Со овие информации сакаме да Ве информираме во детали за обработката на Вашите лични податоци:

  • како вработено лице, во однос на обработка на податоците која произлегува од Вашиот договор за вработување и изјавите поврзани со вашиот работен однос кои сте ги дале
  • како подносител на пријава за вработување (кандидат за вработување),
  • како контакт или договорно лице од договорната страна при склучување на договор за деловна соработка, за извршување на услуга или работа,

како и:

  • за правниот основ и целите за обработка на податоците,
  • правата кои можe да ги остварите во врска со обработката на личните податоци.
  1. Кој е одговорен за обработката на Вашите лични податоци ?

Фила Група е Контролор кој врши обработка на Вашите лични податоци и е одговорен за обработка на вашите лични податоци, како и за воспоставување на мерки за сигурност на податоците преку креирање и спроведување на физички,технички и организациски мерки.

  1. Цел на обработка на личните податоци се:
  2. Остварување на права и обврски од работен однос или друг договорен однос
  3. Остварување на право на аплицирање на оглас за вработување и понатамошна обработка на Вашата биографија и пропратни документи
  4. Остварување на правата при користење на услуги од Фила Група
  5. Прием и одговор на Ваши барања испратени по маил
  6. Правни основи за обработка на личните податоци се:
  7. Исполнување на законска обврска – Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
  8. Исполнување на договорна обврска –  Вашите лични податоци ги обработуваме и заради исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични податоци и неговите подзаконски акти.
  9. Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација
  10. Изјава за согласност – Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на личните податоци.
  11. Кои категории на лични податоци ги обработуваме
Категории на лични податоци што ги обработувамеПравен основОбјаснување за правен основ
Пријави за вработување: име, презиме, датум на раѓање, место на раѓање, адреса на живеење, државјанство, пол, ЕМБГ, степен и вид на образование, работно искуство, емаил адреса, телефонски број за контактИсполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односиВашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
Вработување: име и презиме, датум на раѓање, ЕМБГ, место на раѓање, адреса на живење, државјанство, пол, степен и вид на образование, националност, трансакциска сметка, емаил адреса, телефонски број за контактИсполнување на законска обврска која произлегува од Законот за работни односи.Вашите лични податоци ги обработуваме заради законски обврски (чување на CV на кандидат за вработување)
Соработка со клиенти: име и презиме, адреса, контакт податоци (емаил, телефон) – Правен основ за обработување на овие податоци е на легитимен интерес на компанијатаЛегитимен интерес на компанијатаЛегитимниот интерес прозилегува од меѓусебен облигационен однос, со цел на негова реализација  
  • За која цел се користат овие податоци

Целта за која се користат податоците обезбедување на услугата на давање наем на движен и недвижен имот и увоз на производи од брендот Hyundai Lighting кој што ја овозможуваме и производот кој го увезуваме. Ние, исто така, може да ги користиме информациите што ги собираме и чуваме за да направиме промени и подобрувања во услугите кон клиентите. На пример, дадените информации може да и помогнат на Фила Група да:

  • Ви обезбеди соодветна услуга (давање наем на движен и недвижен имот) и квалитетен производ (производи од брендот Hyundai Lighting).
  • добиваме извештај за тоа колку се квалитетни нашите услуги и производите на брендот Hyundai Lighting
  • се испитуваат поплаки, правни тврдења и несаканите инциденти
  • ги задоволат потребите на клиентите во иднина

На кои категории на корисници може да им ги доставиме личните податоци:

  • Друштво за осигурување  – ОБД ЕОС БРОКЕР АД Скопје со седиште: Перо Наков бр. 25 Скопје) со цел реализација на права од приватно осигурување на вработените (здраствено, пензиско или друг тип на осигурување);
  • Министерство за економија (со седиште: Јуриј Гагарин 15, Скопје 1000),
  • Управата за јавни приходи (со седиште бул. Кузман Jосифовски-Питу бр.1, 1000 Скопје), со цел плаќање даноци остварени од вршење на дејноста
  • Банки и други финансиски институции – со цел комуникација и регулирање на должничко-побарувачки односи меѓу клиенти и Фила Група и вршење на сметководствени работи поврзани со вработените на Фила Група
  • Царинска управа на Република Северна Македонија (со седиште Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, Скопје)
  • Организација на потрошувачи на Македонија, во рамките на Министерството за економија(со седиште: ул. „50-та Дивизија“ бр. 10А,), со цел редовна комуникација, но најчесто информациите кои се споделуваат не се персонализирани
  • Министерство за внатрешни работи, (со седиште ул.Димче Мирчев бр.9, 1000 Скопје) во случај на безбедносни инциденти поврзани со потрошувачи, вработени или други лица кои би можеле да бидат вклучени во безбедносни инциденти
  • Агенција за заштита на личните податоци (со седиште бул.„Гоце Делчев“бр. 18), во случај на безбедносни инциденти со прoтекување на информации на вработени или корисници
  • Нотари, извршители или адвокати, во случаи на потреба од правна помош
  • Државен санитарен и здравствен инспекторат (со седиште Михаил Зонков бб-Скопје), со цел на достава на детали поврзани со извршена или планирана инспекција
  • Носители на јавни овластувања, Со цел спроведување на законот, под одредени околности, од Компанијата може да се бара да ги открие Вашите лични податоци доколку тоа го бара со закон или како одговор на валидни барања од јавните органи (на пример, инспекциски служби, суд, обвинителство или друг надлежен орган).

Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна за:

  • Усогласување со некоја законска норма (по барање на овластен државен орган, во предвидена законска постапка)
  • Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на компанијата
  • Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста

Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци

  • Агенции за наплата на побарувања – со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во должничко-доверителски односи со потрошувачи
  • Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со Фила Група
  • Надворешна ИТ компанија – Семос (со седиште: Булевар Кузман Јосифовски Питу бр. 19 локал 8, Скопје) и Факултет за информатички науки и и компјутерско инжинерство- ФИНКИ (со седиште ул. Руѓер Бошковиќ 16, Пoштенски Фах 393 Скопје
  • Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци – (Инбох – Архивски Дата Центар со седиште: улица 32 бр. 15 Скопје) со цел водење на архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти

Пренос на податоци

Фила Група може да врши трансфер на информации во Сојузна Република Германија. Република Германија е членка на Европската Унија, и е усогласена со Европската Регулатива за заштита на личните податоци (GDPR).

Фила Група ќе се погрижи секој меѓународен трансфер на информации за гостите да биде преземен само во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со земји кои можат да обезбедат соодветно ниво на заштита на правата и слободите на нашите корисници.

Доколку Вашите податоци бидат предмет на меѓународен трансфер, Вие ќе бидете соодветно и навремено известени.

Колку долго ги чуваме Вашите податоци

Должината на времето кога ги чуваме Вашите информации зависи од тоа за каков вид на информации станува збор.

Сите податоци поврзани со вработените се чуваат согласно барањата на Законот за работни односи и Законот за архивско работење, односно во временски рок од 45 години.

Сите извештаи за вработени како што се дисциплински и истраги се чуваат 3 години по завршување на работниот однос.

Поплаките кои ги даваат корисниците се чуваат 3 години.

Податоците добиени од потрошувачите или други клиенти преку потпишување на договор се обработуваат за времетраење до исполнување на облигациите од тој договор и се бришат најдоцна 1 година по исполнување на сите права и обврски кои произлегуваат од тој договор.

Ние ја чуваме нашата евиденција барем за минималниот наведен потребен период на задржување.

Законска обработка на лични податоци

Фила ќе ги обработува вашите податоци само доколку има правна основа за тоа.

Обработката на личните податоци е законита, само ако и до оној степен доколку е исполнет најмалку еден од следните услови:

  • субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе конкретни цели,
  • обработката е потребна за исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна, или за да се преземат активности на барање на субјектот на лични податоци пред неговото пристапување кон договорот,
  • обработката е потребна за исполнување на законска обврска на контролорот,
  • обработката е потребна за заштита на суштинските интереси на субјектот на лични податоци или на друго физичко лице,
  • обработката е потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот утврдено со закон,обработката е потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, освен кога таквите интереси не преовладуваат над интересите или основните права и слободи на субјектот на лични податоци коишто бараат заштита на личните податоци, особено кога субјектот на личните податоци е дете.

Вашите права

Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, како субјект чии лични податоци ги обработуваме, ги имате следниве права:

  • да се информирате околу начинот на обработката на личните податоци вклучително дали личните податоци се користат согласно целта за која се дадени, преку остварување на правото на пристап до информации утврдено во член 26 од Законот за заштита на личните податоци;
  • да побарате од Фила Група да ги дополни, измени и/или ажурира ако Вашите лични податоци се нецелосни, неточни, или неажурирани со поднесување на барање, согласно член 10;
  • да побарате од Фила Група да ја ограничи обработката на лични податоци со соодветно означување кои личните податоци ќе се чуваат, согласно член 10;
  • да побарате од Фила Група да ги избрише Вашите лични податоци, согласно член 10;
  • да поднесете барање до Фила Група со кое што ќе ја повлечете согласноста дадена за цели на обработка на личните податоци, согласно член 8;
  • да поднесете приговор за начинот на обработката на Вашите лични податоци.

Промена во политиката за приватност на личните податоци

Фила Група има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известувување на соодветен начин и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Клиентот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: info@filagrupa.com.mk

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.